ФОТО | Најреномираниот сајт за храна „Тејст атлас“: Македонскиот ајвар е најдобро мезе во светот за 2023

ајвар
Ајвар / Фото: Profimedia

Македонскиот ајвар е избран за најдобро мезе во светот за 2023 година.

Реномираниот сајт за храна и гурмани „Тејст атлас“ (Taste Atlas), во чии рамки спаѓаат наградите Тејст атлас, високото прво место му го доделија на ајварот, како најдобар деликатес во светот во 2023 година.

„Ова традиционално уживање од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните зачини низ целиот Балкан и Источна Европа. Најценетиот вид ајвар често е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки. Иако неговото потекло често се оспорува, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор havyar, што значи кавијар“, пишува на фејсбук-профилот на „Тејст атлас“.

На престижната листа, во топ 5, како врвни специјалитети се најдоа и македонскиот пинџур, бугарската лутеница, пиклиз од Хаити и закуска од Романија.

Македонскиот ајвар е оценет со 4,52 во категоријата relishes (сладост), а пинџурот доби оценка 4,26. Aјварот, исто така, се најде на второто место во категориите dips (макала) и spreads (намази)

Фото: Принтскрин / Taste Atlas

 

ФОТО | Најпознатиот сајт за храна го рангираше македонскиот зелник на 34. место од топ 100 појадоци во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот