ФОТО | Најпознатиот сајт за храна го рангираше македонскиот зелник на 34. место од топ 100 појадоци во светот

Фото; Принтскрин / Фејсбук / The Balkans

Рангирањето на специјализираниот сајт за храна и гурмани „Тејст атлас“ (TasteAtlas) се заснова на рејтингот на публиката на „Тејст атлас“, со низа механизми кои препознаваат вистински корисници. За списокот „Топ 100 појадок во светот“ до 29 ноември 2023 година, забележани се 22.169 оценки. Целта на рангирањето на „Тејст атлас“ да се промовира одлична локална храна, да се влее гордост во традиционалните јадења и да се разбуди љубопитност за јадењата што не сте ги пробале.

Фото: Merle ja Joonas / Flickr

Според „Тејст атлас“, македонската баница со зелка, т. н. зелник е рангирана на престижното 34 место на листата од неверојатни 100 јадења. 

Еве како го опиша „Тејст атлас“ македонскиот специјалитет во кој со векови уживаат сите генераци.

Баница со зелка (Зелник)
(Баница со зелка, македонски зелник, зелник)

Зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со различни намирници како сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За најдобар резултат, зелникот треба да се премачка со путер и масло пред да се пече, за питата да добие златно-кафеава боја.

Зелник е највкусен кога се служи топол, а се препорачува да се комбинира со чаша јогурт.

Фото: Ali Eminov / Flickr

Српската лепиња со кајмак го зазема престижното прво место, а босанскиот бурек се најде на осмото место.

Што се однесува до другите јадења, на второ место е специјалното лепче роти канаи, кое потекнува од Тајланд, Малезија и Индонезија.

Потоа следува бразилскиот пао де кеижо (леб со сирење), пченкарен леб кој потекнува од африканските робови, а сирењето и млекото, всушност, биле додадени дури подоцна, кога робовладетелскиот систем бил згаснат.

Пао де кеижо / Фото: Necopunch / Flickr

Четврти се Грците со нивната традиционална пита (бугаца), петти се Мексиканците со чилакилес.

Бугаца / Фото: Alpha / Flickr

Интересно е и тоа што францускиот кроасан е дури на седмото место, а по него следува босанскиот бурек (со месо).

Да одиме по ред. На второто место е специјалитетот од Малезија – роти канаи. Тоа е традиционално пржено лепче во тава направено со брашно, вода, јајца и маснотии од индиско потекло, но главно е поврзан со Малезија и околните земји како Индонезија, Брунеи и Тајланд. Тестото за роти канаи се свиткува повеќепати, така што финалниот производ има слоевита текстура, мека внатрешност и крцкав надворешен слој.

Буквално преведено како леб со сирење, пао де кеижо (pao de queijo), кој се најде на високото трето место, потекнува од кулинарските изуми на африканските робови, кога почнале да ги користат остатоците од растението касава. Ситниот бел прав или скроб, се валкал во топчиња и се печел.

Грчката бугаца е четврта на листата, а станува збор за традиционална, рустикална грчка пита која се состои од печиво обложено со фил од гриз, иако постојат варијации со мелено месо или со сирење. Името на јадењето е изведено на отоманскиот збор погаца (pogatsa), што означува пита исполнета со сирење.

Петтото место им припадна на мексиканските чилакилес. Тоа се, всушност, збир на пржени парчиња тортилја натопени со чили сос со месо и зеленчук, по желба. Јадењето е популарно и во Мексико и во Соединетите Држави како одличен начин да се искористат остатоците од бајати тортилји. Името на јадењето е изведено од чил-а-квилитл, што значи зеленило или зачински билки во чили.

Чилакилес / Фото: TreasureLA / Flickr

На шестото место е колумбискиот традиционален појадок познат како калентадо, кој се состои од остатоци од претходната вечер кои едноставно се загреваат.

Како што спомнавме, ароматичниот француски кроасан го зазема седмото место, а на осмото е босанскиот бурек. На деветтото место е рангирана турската катмер пита, тип на сладок (и солен) бурек, додека на 10-тото место се најдоа руските сирники – пржени палачинки со младо сирење (кварк).

Сирники е десерт кој се состои од пржени палачинки од урда кои обично се украсуваат со мед, овошен џем, павлака или сос од јаболка. Тој е дел од руската (каде што понекогаш се нарекува и творожники), белоруската, украинската, латвиската и литванската кујна.

Сирники / Фото: Дело Вкуса / delo-vcusa.ru

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот