Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER/Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Најпопуларната пејачка во светот се криеше зад чадорите: Тејлор Свифт со приватен авион го напушти Њу Орлеанс

По завршувањето на Супербоул, Тејлор Свифт беше фотографирана на аеродром како се качува во приватен авион додека обезбедувањето ја крие со чадори. Имено, откако Канзас Сити Чифс, каде што игра нејзиното момче Тревис Келче, загуби од Филаделфија Иглс на големото Супербоул финале, пејачката одлучи веднаш да го напушти Њу Орлеанс.

Иако лицето не ѝ се гледало,  фотографите успеале да ги фотографираат црвените мокасини и искинатите фармерки.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Потсетуваме, Тејлор беше во приватна ложа на Супербоул и навиваше за Келче, сепак неговиот тим претрпе пораз. Во еден момент на големото платно се појави нејзиното лице, на што публиката реагираше со гласни свирежи. Тејлор наводно само се насмеала на тоа и продолжила да го гледа натпреварот.

Во близина на Тејлор, беше и Машин Ган Кели, поранешното момче на Меган Фокс.

Ниту Доналд Трамп не ја пропушти можноста да искоментира присуството на Тејлор на Супербоул финалето. Тој објави видео во кое ги спореди овациите што ги доби кога се појави на Суперболот со свирежите што ја поздравија Тејлор Свифт. Набргу потоа ѝ посвети уште една објава, пишувајќи:

„Единствената која имаше полоша ноќ од Канзас Сити Чифс е Тејлор Свифт. Ја исвиркаа од стадионот …“, посочувајќи дека пејачката била исвиркана од неговите поддржувачи.

ФОТО+ВИДЕО | Настапот на Кендрик Ламар на Супербол под очекувањата: Повторно го прозва Дејк и се случи инцидент со знаме на сцената

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот