Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Мразот се топи поради неа: Заводливата русокоса позира во бикини среде снегот

Моделот Роузи Хантингтон-Вајтли уште еднаш докажа зошто се смета за една од највлијателните модни икони на денешницата позирајќи на планина покриена со снег, среде бајковит зимски пејзаж.

Заводливата русокоса позираше во минималистичко бело бикини, додека зимскиот амбиент – снег, борова шума и драматични планински врвови – послужија како силен контраст на нејзиниот стил.

Роузи го комплетираше изгледот со крзнена јакна и шапка во истата нијанса, создавајќи комбинација од луксуз и смела модна провокација.

„Бејби, надвор е ладно“, напиша таа во описот на објавата која привлече голем број позитивни коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)

„Мразот се топи од тебе“; „Џејсон има среќа“; „Дива“; „Гориш“; „Ледена кралица“; „Неверојатна си“, беа дел од коментарите.

Инаку, Роузи е британски супермодел, актерка и претприемачка. Родена во 1987 година во Англија, поточно во руралниот Девон, на фарма опкружена со животни. Таа стекна светска слава како еден од најпознатите ангели на брендот „Викторијас Сикрет“. Покрај модните писти, таа се обиде и во светот на филмот, а е запаметена по нејзините улоги во хитови како „Трансформерс: Темнината на месечината“ и „Лудиот Макс: Патот на бесот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот