ФОТО | Моделот Карен Мулдер била „плен“ на многу мажи: Своевремено го обвини и принцот Алберт за силување!

Карен Мулдер/Инстаграм
Карен Мулдер/Инстаграм

Некогашната супермоделка Карен Мулдер своевремено го обвини принцот Алберт за силување, а потоа нејзината кариера тргна надолу.

Карен Мулдер беше една од најубавите жени на сите времиња и беше на чекор од тоа да стане принцеза од Монако.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen Mulder (@karenmulderfc)

Официјално првиот „ангел“ на Викторијас Сикрет го „држеше“ светот под нозете во почетокот на деведесетите, а се зборуваше дека дневно заработува и по 10 илјади долари!

Лично, Џани Версаче беше креаторот на нејзините фустани, а Хелмут Њутн зборуваше дека е најубавата жена во поновата ера. Светските списанија беа полни со нејзини фотографии, ревии на кои работела, а со титулата ѕвезда, пристигнуваа и секакви врски со славни мажи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen Mulder (@karenmulderfc)

Еден од оние со кои се забавувала, бил принцот Алберт, кој тогашните медиуми го опишуваа како „опседнат“ со убавината на холандската манекенка. Се зборуваше дека лесно може да стане новата „Грејс Кели“, но сето тоа падна во вода кога на едно отворено интервју изнесе страшни детали од приватниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen Mulder (@karenmulderfc)

Во емисијата „Сите зборуваат за тоа“ во 2001 година, изјави дека највлијателните луѓе на светот ги користат врвните модели и убавици како сексуални робови. Меѓу нив има и политичари и кралеви, како на пример принцот Алберт од Монако.

Таа додала дека тој сексуално ја искористил и со тоа предизвикала скандал од невидени размери. Францускиот тв канал на кој се презентираше емисијата ја скратила програмата, а целосниот пренос бил избришан. Од тој миг, вратите од шоубизнисот целосно ѝ се затворени, а Карен била обвинета дека е ментално нестабилна.

Нејзиното семејство на препорака на принцот Алберт кој изразил „загриженост за менталната состојба на својата пријателка“ ја однело во клиника каде ѝ била дијагностицирана „продолжена депресија“. На клиниката останала 6 месеци, а кога излегла, имала обид за самоубиство, но лекарите успеале да ѝ го спасат животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen Mulder (@karenmulderfc)

Рехабилитацијата ѝја платил претседателот на Елит Модел Менаџмент, еден од обвинетите за насилство, Џералд Мари. Истиот тој против кој се нижеле тужби подоцна, а „Би-Би-Си“ документарците и скриените камери открија дека зборувал со натпреварувачките од агенцијата, кажувајќи со кого ќе има секс.

На моделката ѝ  требало многу време да помине во закрепнување, за да може да го продолжи својот живот. Јавноста веќе ја знаеше нејзината страна, верувајќи дека немилосрдната страна на шоубизнисот и модниот свет ја презентира како целосно полудена личност, затоа што сакаше да ја покаже мрачната страна на убавината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen Mulder (@karenmulderfc)

Другиот дел од јавноста, дури и нејзините родители и сестра ѝ, зборуваа дека сево ова е последица од нејзиното користење дрога во 90’те за да може да го издржи силното темпо на живот.
После сите турбуленции, ја снема од јавноста, а последен пат папараците ја „уловија“ на плажа со пријателите и ќерката за која не се знае кој е таткото. Некогашната најубава моделка ретко кој би ја препознал денес, иако има завидна линија и изгледа добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот