ФОТО | Мила Кунис и Ештон Качер првпат ги покажаа децата во јавност: Многу се слатки, но не личат на ниту еден од родителите

инстаграм

Ештон Качер и Мила Кунис уживаа во семејното излегување со своите деца во саботата вечерта, откако неколку месеци не се појавија во јавноста поради скандалот што следеше кога го поддржаа својот колега и пријател Дени Мастерсон за време на неговото судење за силување.

Холивудскиот пар реши да се врати во јавноста, со оглед на тоа дека страстите стивнаа, па беа „фатени“ за време на кошаркарскиот натпревар на НБА во Крипто Арената во Лос Анџелес.

Фото: Brian Rothmuller/Icon Sportswire / Newscom / Profimedia

Актерскиот пар гледаше женска кошарка од првиот ред со нивните деца.

Инаку, ова е првпат Ештон Качер и Мила да ги однесат своите деца на настан кој го покриваа медиумите, а фотографите добија можност да ги фотографираат нивните лица одблиску.

И Вајат и Димитри се навистина многу слатки и убави деца, но не личат особено на ниту еден родител, туку се микс од нив. Интересно е што Димитри е русокос, што го наследил од татко му кој исто така како дете имал руса коса.

Фото: USA TODAY Sports / ddp USA / Profimedia

Да потсетиме, парот во неколку наврати предизвика бројни контроверзии откако призна дека ниту тие ниту децата се тушираат секој ден, односно не користат сапун или бања секојдневно.

Ештон во подкастот „Armchair Expert“ призна дека користи сапун само на пазувите и препоните, додека Мила Кунис додаде дека и стапалата и градите ги третира со сапун. Остатокот од телото го мијат со вода, а на децата го користат истиот начин на капење, за да не им ја „исушат нежната кожа“.

Фото: Harry How / Getty images / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот