Меган Фокс - Фото: Инстаграм/МеганФокс

ФОТО | Меган Фокс во стилот на „палава ученичка“ упати брутална порака до неверниот поранешен свршеник Машин Ган Кели

Холивудската актерка Меган Фокс на Инстаграм повторно објави серија провокативни фотографии на кои позира во стил на „палава ученичка“. Но, она што привлече повеќе внимание од нејзиниот изглед е пораката во описот, која многумина ја протолкуваа како директен удар кон нејзиниот поранешен свршеник, Машин Ган Кели, пишува „Дејли мејл“.

„Двојно задоволство е да се измами измамникот“, напиша 39-годишната ѕвезда под фотографиите на кои позира со тарот карти, облечена во кратко зелено здолниште и бела кошула.

Меган Фокс – Фото: Инстаграм/МеганФокс

Проблеми со довербата и раскинување по неверство?

Оваа објава доаѓа во време на сè погласни гласини дека парот дефинитивно ставил крај на романсата во ноември минатата година. Извори блиски до актерката тврдат дека главната причина биле проблемите со довербата кои се појавиле додека Меган била бремена со нивната ќерка, Сага Блејд. Наводно, Фокс открила дека раперот се допишувал со други жени додека таа го чекала нивното прво заедничко дете.

Меган Фокс – Фото: Инстаграм/МеганФокс
Меган Фокс – Фото: Инстаграм/МеганФокс

Фокусот е на децата

Иако изворите велат дека романтичната врска е „завршена работа“, парот наводно останал во коректни односи единствено поради заедничкото родителство.

„Меган е фокусирана на своите четири деца и на бебето. Иако поминуваат време заедно како семејство, тие живеат во посебни домови и меѓу нив веќе нема ништо повеќе од пријателство“, изјавил извор за магазинот „Пипл“.

Profimedia
Фото: Profimedia

Актерката, која од бракот со Брајан Остин Грин ги има синовите Ноа, Боди и Џурни, моментално не бара нова љубов, но не е ниту целосно затворена за нова врска доколку таа се случи природно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот