ФОТО: Манекенка одговори на злонамерните коментари дека е престара за да се слика во бикини
Манекенката Паулина Поришкова (57), по приговорите на социјалните мрежи објасни зошто објавува слики во бикини.
„Сигурно силно те боли кога во тие години продолжуваш да објавуваш фотографии во бикини. Секогаш си мислам дека на убавите луѓе им е најтешко да остарат и да станат грди. Падот е многу потежок кога си убав. Се молам да се помириш со својата смртност“, гласеше коментарот на еден корисник на кој му пречат слики од повозрасни жени.
View this post on Instagram
Поришкова веднаш реагираше:
„Жена од 57 години е престара за да позира во бикини – без оглед на тоа како изгледа. Таквите ставови ги делат и многу други. Затоа што „старото е грдо“… Вакви коментари добивам секој пат кога ќе објавам фотографии од своето тело. Повозрасните мажи се поистакнати, повозрасните жени се грди“.
Таа порача дека е потребна способност за навистина да ја „видиме убавината“.
View this post on Instagram
„Затоа верувам дека со текот на годините стануваме поубави. Заслужни сме за својата убавина, разбираме што е тоа и можеме да видиме многу подобро. Не постои грдо и старо. Само кратковидо и неуко“, додаде таа и ја заклучи објавата со зборовите:
„Го објавувам ова за да бидеме горди на стареењето, како што заслужуваме“.
View this post on Instagram