Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

ФОТО | Лила Филиповска се сретна со оскаровецот Ејдриен Броди: „Њујорк е магија“

Македонската водителка Лила Филиповска, која изминативе недели престојува во САД, сподели нов момент од своето патување – средба со холивудскиот актер Ејдриен Броди.

Филиповска објави дека присуствувала на театарска претстава на Бродвеј, каде што Броди настапува во „Стравот од 13“ (The Fear of 13), остварување што го опиша како исклучително емотивно и интензивно. По завршувањето на претставата, таа имала можност и лично да се запознае со актерот и накратко да поразговара со него.

„Од сцената на Бродвеј до вистински момент со Ејдриен Броди… Њујорк е магија“, напиша таа, додавајќи дека уживала во секоја минута од изведбата.

Фото: Инстаграм/Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

Ејдриен Броди важи за еден од најценетите актери на својата генерација и е најмладиот добитник на Оскар за улогата во филмот „Пијанист“ (The Pianist), со што остави силен печат во светската кинематографија.

Инаку, Филиповска веќе извесно време престојува во Њујорк, од каде редовно споделува фотографии и впечатоци од најпознатите локации, опишувајќи го градот како вистинска филмска сцена.

ФОТО | Лила сподели нови детали од борбата со ракот: „Никогаш не верував…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот