Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

ФОТО | Лила сподели нови детали од борбата со ракот: „Никогаш не верував…“

Лила Филиповска се присети на тешките мигови од времето кога се бореше со канцер на дојка и сподели стари снимки со кратката коса по хемотерапијата.

Познатата водителка на емотивен начин се присети на овој период, објавувајќи ја песната „Show Must Go On“ од групата „Квин“.

„Никогаш не верував дека ќе имам ваква фризура… ама“, објави Лила на Инстаграм.

Фото: Скриншот

Видеата кои ги сподели се од нејзиното учество на Саемот за венчавки во 2023 година, кога како ѕвезда на вечерта излезе на крајот од ревијата во вечерен фустан.

Фото: Скриншот

„Не очекував толку позитивни коментари за мојот имиџ и драго ми е што е тоа така, затоа што и јас сум задоволна и уживам во оваа промена. Да не се случеше сето тоа што се случи, немаше олку кратко да се потстрижам. А кога ќе се погледнам во огледало, гледам една храбра, самосвесна, самоуверена жена, која пред ова се гледаше без влакна на главата. И морам да ти кажам дека во ниту еден момент не заплакав, едноставно се гледав себеси, се шегував на своја сметка и не дозволив во ниту еден момент тоа да ми влијае во процесот на заздравување“, изјави Лила за „Слободен печат“ во 2023 година.

„Јас една недела лежев, па две недели бев максимално активна. На пример, помеѓу две хемотерапии бев во Бодрум со агенцијата со која соработувам, значи бевме таму да снимаме, да уживаме. Така што една недела лежев, а две недели потоа работев или излегував, се дружев, патував. Па доаѓаше следната хемотерапија, на секои 21 ден, а јас едвај чекав да поминат, ги броев деновите, едвај чекав да завршат“, сподели Лила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот