Крис Браун - Фото: EPA/MICHAEL NELSON

ФОТО | Крис Браун стана татко по четврти пат — пејачот доби син

Американскиот пејач Крис Браун стана татко по четврти пат, доби дете со неговата партнерка Џејда Валас.

Валас ја сподели радосната вест на својот инстаграм-профил. Таа објави серија фотографии, меѓу кои и фотографии од нејзината бременост и првите моменти со нивниот новороден син.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

– Најчиста љубов -напиша Валас во својата објава.

На фотографијата, Валас го храни детето по породувањето, додека момчето е завиткано во ќебе.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, Браун има три деца од претходните врски. Тој ја има 11-годишната ќерка Ројалти со Ниа Гузман, 6-годишниот син Аек со поранешната девојка Амика Харис и 4-годишната ќерка Лавли со Дајмонд Браун. Гласините за врската на Браун и Валас започнаа во декември 2024 година.

ВИДЕО | Крис Браун се појави на суд во Лондон поради обвиненијата за брутален физички напад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот