ФОТО | Кралицата Елизабета го слави 96-тиот роденден: За јубилејот доби своја Барбика
Американската компанија „Мател“, чија најпозната марка е куклата Барби, се вклучи во прославата на историскиот платинест јубилеј на британската кралица Елизабета Втора, правејќи почесна кукла по моделот на нејзиниот лик.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Барби креирана по моделот на британската кралица во продажба е пуштена денеска, на 96-тиот роденден на кралицата.
View this post on Instagram
Куклата е облечена во елегантен фустан со боја на слонова коска со сина лента украсена со кралски ордени.
Главата на куклата е украсена со дијадема направена според онаа кој припаѓала на кралицата Мери, а Елизабета ја носела на денот на венчавката со принцот Филип.
Розовата лента на куклата е направена по примерот на одликувањето коешто на кралицата ѝ го подарил нејзиниот татко Џорџ Шести, а светлосината, поставена под розовата е изработена по примерот на лентата со ликот на нејзиниот дедо Џорџ Петти. На двете ленти се минијатурните портрети на Џорџ Шести и Џорџ Петти.

„Мател“ ја осмислил куклата како дел од колекцијата наречена „Колекцијата почит на Барби“ (Barbie’s Tribute Collection), лансирана лани во чест на сите „познати историски личности и визионери кои имаат огромно влијание врз општеството“.
Куклата се продава во специјална кутија инспирирана од стиловите кои преовладуваат во Бакингемската палата, изработена од 3Д украсени рамки и внатрешен дел што прикажува престол со црвен тепих.
На кутијата е врежано логото во форма на грб и ознака за одбележување на годишнината од стапувањето на кралицата на тронот.
View this post on Instagram
Кралицата Елизабета го одбележа својот 96-ти роденден со неочекувана фотографија


