Коки Јанков / Фото: Фејсбук/Коки Јанков

ФОТО | Коки Јанков за првпат прозборе за мајка му и за брат му

Емотивна приказна за својата мајка од Штип раскажа музичарот Никола Јанков – Коки, кој за првпат прозборе и за својот брат.

Коки, кој е денес професор по виолина, а инаку стана познат по дуото „Дуле и Коки“ објави семејна слика на која е и неговата ќерка Лара, со посебен повод, а тоа е роденденот на неговата мајка.

„Брат ми, внука ми, ќерка ми, мајка ми. Мамо, среќен роденден. Те сакаме“ напиша музичарот до сликата од среќното семејство. Пред неколку години, почина таткото на Коки, а тој е многу поврзан со мајка му.


При крајот од минатата година, Коки конечно откри во каков однос е со поранешната сопруга Росана Петревска, со која се разведе во 2018 и ја имаат ќерката Лара.

„Па, не е тоа некој добар однос. Не можам да кажам дека е добар. Ама има односи во кои луѓето се добри. Тоа не зависи само од мене или само од спротивната страна. Тоа зависи и од двајцата. Ако треба да кажам да или не, ако имам опција, јас ќе кажам не. Ама сега, што да правиме, може утре ќе се смени, може не“, рече виолинистот во „Кафе муабети“ за „Гламур“.

Коки раскажа и за сите животни трагедии кои ги преживеал, а рече и дека неговата ќерка сега живее со него.

„На кој начин јас сето тоа сум го преживеал. Дуле го нема, татко ми, мојот професор, развод, сум останувал така, буквално седам на улица со некои црни вреќи или куфери, короната дојде, се нема“, додаде музичарот.

ВИДЕО | „Пустото не ме остава на раат“: Коки го најави најтажното и најуникатното нешто што го направил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот