Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | „Пустото не ме остава на раат“: Коки го најави најтажното и најуникатното нешто што го направил

Никола Јанков – Коки направи нешто многу емотивно за спомен на својот колега и пријател Душан Љубисављевиќ – Дуле кој почина на 23 септември во 2013 година од канцер.

Дуото „виолина и гитара“ од Штип стана многу популарно по нивната победа на „Макфест“ во 1996 година со песната „Виолина и гитара“. Гитарата си замина, остана само виолината од славното дуо.

Во октомври лани, Коки повторно се врати на истата сцена на „Макфест“ но без Дуле. Тој ја испеа песната со тажен наслов „Виолина и…“, во негова чест.

„Ниту песна рана затвара, кога и да запеам на тебе сѐ ме потсеќа. Животот тече сѐ се менува, и не е исто штом ќе засвирам јас на гитарата. Исти кафани време различно, свириме до зори повторно, но не е истото, без твојата гитара брату мој“, се дел од стиховите во оваа песна.

Коки настапи на „Макфест“ две вечери по ред. На првата ја испеа новата песна, а на втората, на која се славеше јубилејот и настапија многу од легендарните пејачи од златните времиња, тој ја испеа токму „Виолина и гитара“ која некогаш ја пееше Дуле.

На социјалните мрежи, Коки објави дека снимил спот за песната „Виолина и…“ кој е многу оригинален, анимиран, направен со помош на вештачка интелегенција.

„За непреспаните ноќи, за едни двајца другари. По 30 години од ‘Виолина и гитара’, ништо не е исто. Знам дека не е, ама пустото не ме остава на раат. Оваа песна заслужуваше видеоприказна повеќе од која било друга. Пресреќен сум што ќе ја споделам со вас“, најави Коки.

Интервју со Никола Јанков-Коки, музичар: Без да ја гушнам пред спиење, не се разделуваме, Лара е мојата најголема радост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот