ФОТО | Ќерката му напиша писмо со молба: Коки Јанков сподели нова приказна за Лара
Коки Јанков сподели уште една интересна приказна за својата ќерка Лара, со која живее во Штип. Таа е ученичка во средното медицинско училиште.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Виолинистот објави фотографија од писменце што му го оставила ќерката, барајќи му пари за џепарлак. „Сиромашна сум моментално. Те молам пари“, му напишала ќерката на музичарот, а тој на фотографијата додал симпатични коментари: „Нема проблем, тати“ и „Понеделнички, кога ќе тргне“.

Неодамна, Коки Јанков сподели видео со ќерката, кое го нарече „домашно воспитување“, и објави како тој и ќерка му ги слушаат Шинејд О’Конор и Роџер Вотерс во весела атмосфера. Кога камерата ја сврте кон себе, тој рече: „Едукација“.
Јанков е наставник по виолина во музичкото училиште во Штип, а ќерка му, која ја има од бракот со Росана Петревска, со која се разведе во 2018 година, сега живее со него.
„Таа вели дека има најдобар татко (ха-ха). Имаме свои шеги и свои шеми на функционирање по дома. Без да ја покријам и гушнам пред спиење (кога сум дома), не се разделуваме. Секое сабајле станувам со неа, појадокот ѝ е ставен во ранец, а за ручек сме седнати заедно. Дома ни е најубаво. Не ѝ е забрането ништо, но имаме принципи и мали правила. Изборот е нејзин. Нека е човек. И на Лара и на сите деца, нека патот им е чист, нека не се предаваат, нека отвораат очи, а срцето нека го чуваат за тој што вистински заслужува“, рече за својата ќерка музичарот во „Слободен печат“.
„Училиштето ѝ оди супер, а околу музиката се ‘пали’ на рокенрол. Тоа е добро. Веќе имаме листи, па кога се возиме ми пушта, а јас внатре се топам и се присетувам дека со таа музика растевме и ние. Понекогаш не ја разбирам околу тоа како се изразува, ама ете, сè уште растам со неа. Некои нови клинци. Ме усреќува и ќе биде така сè додека е до мене“, додаде Никола Јанков – Коки.


