ФОТО | Ким Кардашијан и „Најк“ го претставија првиот заеднички модел патики со раздвоени прсти и не ги воодушевија сите
Речиси една година откако „Најк“ го најави партнерството со брендот „Скимс“, на Ким Кардашијан, нивниот прв заеднички модел на патики конечно дојде во фокусот на јавноста, пишува „Мери Клер“.
Препорачано
View this post on Instagram
Двата глобални брендови ги претставија патиките „НајкСкимс Рифт“ (NikeSkims Rift), кои претставуваат модернизирана верзија на култниот модел „Најк Ер Рифт“ (Nike Air Rift) – тркачки патики со раздвоени прсти, првично лансирани во 1990-тите.
Како што потсетуваат од компанијата, моделот „Најк Ер Рифт“ бил претставен во 1996 година и тогаш за првпат „Најк“ го користел дизајнот со раздвоен прст, инспириран од долината „Great Rift Valley“ во Кенија.
Сепак, ваквиот изглед не е целосно нов – уште во 1988 година, белгискиот дизајнер Мартин Маржела ги претстави првите „Таби“ (Tabi) чевли, кои во последните сезони доживеаја голема популарност на „улична мода“ (street style) сцената.
View this post on Instagram
Оригиналниот модел на „Најк“ бил развиен во соработка со кениски маратонци, кои често тренираат боси. Раздвоениот прст овозможува поприродно движење меѓу палецот и вториот прст, што придонесува за поприроден чекор при трчање. Со текот на времето, Ер Рифт прерасна во популарен модел, а првото повторно издание се појави во 2015 година.
Во најновата верзија, „Најк“ истакнува „елегантни и современи дизајнерски измени“, меѓу кои се препознатливиот таби-прст, единечен ремен преку горниот дел на стапалото, минималистички ѓон инспириран од првите модели за босоного трчање, како и текстуриран ѓон со лого.
„Има нешто исклучително моќно и убаво во балетските чевли, и токму затоа редизајнот на Најк Рифт за првиот НајкСкимс модел ми изгледаше како совршен избор“, изјави Ким Кардашијан. „Рифт не е само патика – тоа е икона на деведесеттите во која се заљубија жени ширум светот. Заедно со Најк сакавме да создадеме верзија што е минималистичка, елегантна и визуелно ласкава.“
Од двата бренда најавија дека и во идните сезонски колекции ќе претставуваат нови модели обувки, со постојани иновации и проширување на понудата.


