ФОТО | Кевин Костнер е во врска со 19 години помлада пејачка: Фатени заедно во прегратка на Карибите

Фото: Amy Katz / Zuma Press / Profimedia

Поминаа три месеци откако Кевин Костнер се разведе од Кристин Баумгартнен, со која беше во брак речиси 19 години. Пред неколку недели се шпекулираше дека е во врска со актерката Рис Витерспун, што нејзиниот портпарол го демантираше, а сега се засилуваат гласините дека го освоила славната пејачка Џул Килчер, пишува „Пипл“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Кевин Костнер (68) неодамна бил виден на Карибите со пејачката Џул Килчер, која е 19 години помлада од него. Тие пред неколку дена ја посетиле егзотичната дестинација поради хуманитарната акција на организацијата „Inspiring Children Foundation“ која ја основала пејачката. Актерот бил гостин на настанот.

Џул на социјалните мрежи го спомна Кевин Костнер.

„Неверојатно време, а јас го користам за да се релаксирам, одморам и играм со мојот син! Кевин Костнер беше доволно љубезен да ги менторира нашите деца оваа година“, напиша таа.

Костнер неодамна се соочи со тежок развод, а актерот има шест деца од два брака. Пејачката со која сега го поврзуваат се разведе од Тај Мареј во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот