Кели Озборн на Британските музички награди 2026 / Фото: Profimedia

ФОТО | Кели Озборн доби критики за изгледот, па се огласи: „Ме удирате додека сум на дното“

Кели Озборн (41) се појави на годинашното издание на Британските музички награди во придружба на својата мајка Шерон Озборн и веднаш го привлече вниманието на црвениот тепих. Таа носеше тесен црн фустан со пердуви, кој ја истакна нејзината значително ослабена фигура, а стајлингот го заокружи со впечатлив ѓердан во форма на крст. Дел од јавноста го протолкува овој детаљ како симболична посвета на нејзиниот покоен татко, рок-иконата Ози Озборн.

Нејзиниот изглед повторно отвори дебата за драстичното намалување на телесната тежина. Фотографиите од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, каде што, покрај пофалбите, следуваа и бројни критики и навреди. Дел од корисниците коментираа дека „не изгледа добро“ и јавно го доведоа во прашање нејзиното здравје.

Кели и Шерон Озборн / Фото: Profimedia

По новиот бран реакции, Кели се огласи на Инстаграм со емотивна порака.

„Постои посебен вид суровост кога повредувате некого кој очигледно поминува низ тежок период. Ме удирате додека сум на дното, се сомневате во мојата болка и ги претворате моите борби во трач. Нема да дозволам да бидам дехуманизирана“, напиша таа, нагласувајќи дека моментално поминува низ најтешкиот период во својот живот.

Фото: Инстаграм/Кели Озборн

Таа и претходно зборуваше за својата трансформација, истакнувајќи дека слабеењето започнало по операција на желудникот во 2020 година, кога изгубила 39 килограми, а потоа продолжила со промени во исхраната и начинот на живот. Посочи и дека тагата по смртта на нејзиниот татко дополнително влијаела врз нејзината физичка состојба.

Годинешната церемонија беше особено емотивна за семејството Озборн. Ози Озборн постхумно ја доби наградата за животно дело, а признанието на сцената го примија Шерон и Кели.

„Благодарам што го сакате мојот татко исто колку што го сакаме и ние“, изјави кратко Кели пред публиката.

ФОТО+ВИДЕО | Доделени Британските музички награди: Оливија Дин беше апсолутна победничка на вечерта, Хари Стајлс со спектакуларен настап

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот