ФОТО | Како да си направите празничен венец? – Цветната приказна со порака на Eлена: Да споделуваме, заедно да се радуваме и да ги негуваме даровите од природата

Фото: Принтскрин / Instagram

Елена Петровска е креативката која стои зад цветната приказна Цветна порака. Приказната започнала неодамна, поточно пред само два месеци, но идејата ѝ била присутна подолго време. Љубовта кон цвеќето и природата на Елена ѝ ја пренеле нејзините родители кои посветено си креирале своја цветна градина, неисцрплив извор на среќа.

Елките и новогодишните венци изработени од природни материјали како дел од празничниот декор ја креираат атмосферата на топлина во срцата и домот, фото-приватна архива

– Верувајќи на концептот, креативноста и желбата да пренесеме убава порака, благодарни сме што идејата е препознаена и прифатена и што ја исполнуваме визијата да пренесеме порака што среќа носи – вели Елена во нашиот празничен разговор.

Која е пораката која ја пренесувате?

– Да споделуваме, заедно да се радуваме и да ги негуваме даровите од природата. Во креирањето на среќата да се грижиме за животната средина, овозможувајќи секој од нас да има придонес во процесот на селекција и заштита на природата.

Велите дека нудите поинакво цветно уживање, какво?

– Негувајќи ја поврзаноста со природата и уживајќи во секој момент, креираме производи од природно сезонско цвеќе со употреба на одржливи материјали кои може повторно да се употребат и рециклираат. Цветните аранжмани се стандардизирани во категории, но отворени сме за можност цветниот дизајн да биде усогласен според преференциите на купувачите за индивидуални и корпоративни настани.

Креиравме картонски обвивки за букети од природата, хартиени вазни како дел од пакет со цвеќе за најмалите кои креираат своја среќа во боја и креираме насмевки со букети…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот