Адријана Лима и Кендис Свонепул - Фото: Victoria's Secret / Planet / Profimedia

ФОТО | Изгледаат исто како пред 20 години: Ангелите на „Викторијас сикрет“ повторно ја освоија публиката

Омилените „ангели“ на брендот „Викторијас сикрет“, бразилската манекенка Адриана Лима и нејзината долгогодишна партнерка од модните писти Кендис Свонепул, повторно го привлекоа вниманието со нова заедничка кампања, покажувајќи дека и денес изгледаат подеднакво импресивно.

Во најновата рекламна кампања на брендот, двете манекенки позираат во долна облека дизајнирана да биде удобна, комбинирана со високи црни чизми на потпетица и распуштена коса, создавајќи препознатлив моден изглед.

Адријана Лима и Кендис Свонепул – Фото: Victoria’s Secret / Planet / Profimedia
Адријана Лима и Кендис Свонепул – Фото: Victoria’s Secret / Planet / Profimedia

„Продолжувањето на ова партнерство со Викторијас сикрет за мене има посебно значење“, изјавила 37-годишната Свонепул за британските медиуми.

Овој иконски моден тандем, како што често ги нарекуваат, во изминатите две децении беше заштитен знак на речиси секоја ревија на брендот. Нивната долготрајна соработка и денес ги воодушевува обожавателите, особено по враќањето на познатото модно шоу и повторното приклучување на Лима кон брендот, откако претходно најави повлекување од пистата.

Адријана Лима првпат прошета на модната писта во 1999 година, кога имаше само 17 години, а веќе следната година стана „ангел“ на брендот. Кендис Свонепул пак ја доби истата титула во 2010 година, со што започна една од најпрепознатливите модни приказни на Викторијас сикрет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот