ФОТО: Ивановски не можеше да поверува, па АМС ја исправи грешката!

Фото: facebook.com/igor.jakimovski.7

Покрај објавувањето на листите на спортските клубови и националните федерации, денеска Агенцијата за млади и спорт ја објави и листата на Активни спортисти кои исто така добија Ваучери 2021.

И овие олимписки и неолимписки спортови носат успеси на Македонија, атлетиката може да биде горда која има натпреварувачи кои обезбедуваат големи резултати на меѓународната сцена.

Помеѓу нив е и Дарио Ивановски кој неодамна постави нов национален рекорд на 1.500 метри во сала на митинг во Белград и на тој начин оствари норма за учество на Европското првенство во сала кое ќе се одржи во Торун, Полска (5-7 март 2021 година).

Прво од АМС беше објавено дека Ивановски доби ваучер во износ од „само“ 38.000 илјади денари.

На ваквата првична одлука веднаш реагираше нашиот атлетичар со објава на својот фејсбук профил:

Фото: facebook.com/people/Dario-Ivanovski
Фото: facebook.com/people/Dario-Ivanovski

– Чекајте да размислам каде да одам да се подготвувам со овие пари..А ха. Во 2020 година година картата од Кенија ме чинеше 90.000 денари. За да трчаш силно треба да тренираш на високо. Хм..Па јас можам и тука бе..Зарем кога почнав да се занимавам со алтетика имав некои придонеси за да се подготвувам?! Ее па ќе трчам улични трки да собирам пари, за да можам да се подготвувам убаво да се успеам во спортот – се дел од зборовите на Ивановски на неговата објава.

Веднаш потоа експресно реагираа од Агенцијата за млади и спорт и го зголемија износот на спортскиот ваучер за Ивановски на 188.000 илјади денари.

Целосната листа на Ваучерите 2021 за Активни спортисти можете да ја погледнете ТУКА

Интервју со Дарио Ивановски, учесник на претстојното ЕП: За светот сме спортисти од највисок ранг, кај нас сме на маргините

АМС ја објави листата на спортски клубови кои добија ваучери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот