Хали Бери - Фото: Инсаграм /The Cut

ФОТО | Иако го најде „вистинскиот“ маж, Хали Бери не сака да се мажи: Еве и зошто

Хали Бери се најде на насловната страница на списанието „Кат“ (The Cut) и слободно може да се каже дека овој едиторијал ги воодушеви модните фанови. Како што може да се види, славната актерка позираше во смели, дури и провокативни комбинации кои привлекуваат погледи и воздишки.

Освен модниот дел, многу интересен беше и самото интервју што Хали Бери го даде за списанието. Таа зборуваше за својата актерска кариера, но и за приватниот живот, објаснувајќи го својот став за бракот и зошто не ѝ е приоритет да застане пред олтар со Ван Хант.

Хали Бери – Фото: Инсаграм /The Cut

„Не сум рекла ‘да’,не мислам дека мора да бидеме во брак за да имаме значајна и исполнета врска. Не знам дали некогаш ќе се венчаме“, изјави 59-годишната актерка.

Иако не посакува брак, неодамна призна дека врската со Ван Хант е нешто посебно за неа. Како што откри, била во целибат четири години пред тој да се појави во нејзиниот живот.

„Морав да поминам низ оган и целосно да изгорам за да дојдам до точка во која навистина можам да ја ценам другата личност“, искрено изјави таа.

Хали Бери – Фото: Инсаграм /The Cut

Оскарот не ѝ помогнал во животот

Во интервјуто, Хали Бери се присети и на моментот кога го освои Оскарот за најдобра актерка за улогата во филмот „Monster’s Ball“.

Таа истакна дека, и покрај престижната награда, не почувствувала значителна промена во филмската индустрија. И понатаму, како што вели, се соочувала со предрасуди кон жените во филмот.

Хали Бери – Фото: Инсаграм /The Cut

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот