ФОТО: Хет-трикот на Барди го продолжи мундијалскиот сон на Македонија 

Енис Барди има важечки договор до крајот на сезоната со Леванте/ фото: ФФМ

Големата победа на фудбалската репрезентација на Македонија и одличната игра на Енис Барди кој постигна хет-трик, звучно одекна и во шпанските медиуми. Фудбалерот на Леванте во победата од 0:5 постигна хет-трик и неговиот настап ги импреионира и двата најпознати шпански весници „Марка“ и „Ас“.

„Барди со хет-трик го урна сонот на Капарош и Ерменија“, стои во насловот на „Марка“.

 

Вториот мадридски спортски весник „Ас“ беше подиректен и не криеше дека е воодушевен од играта на Барди, кој за прв пат ја имаше капитенската лента на раката.
Хет-трик на Барди за да продолжи сонот за Мундијалот“, напиша „Ас“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот