ВИДЕО: Пукна македонска „петарда“ во Ереван, а сега сите погледи кон Букурешт

Четврта победа на најдобрите македонски фудбалери во квалификациите за СП 2022/Фото: ФФМ

Македонската А репрезентација ја забележа четвртата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 Катар, откако вечерва во Ереван со убедливи 0:5 триумфираше над Ерменија.

Во 22 минута Ашковски во една одлична соло акција се ослободи од двајца противнички играчи, во прав момент го пронајде Трајковски за водство од 0:1 за негов 19 погодок во сениорскиот дрес.

Барди кој ја носеше капитенската лента, во 36 минута со еден прекрасен гол после асистенцијата на Елмас ја затресе мрежата на Јурченко за 0:2

Во 66 минута Ерменците во „нокдаун“, Чурлинов во казнетиот простор на домаќините ја подаде топката до Барди кој беше фаулиран и шпанскиот судија Санчез покажа на белата точка.

Капитенот Барди беше клучен играч во важниот триумф во Ереван/Фото: ФФМ

Во листата на стрелците се запиша и младиот М Ристовски во 79 минута од контранапад после асистенцијата на Елмас, втора за него на овој меч. Конечниот епилог го постави Барди кој повторно стрелаше од пенал во 90 минута за комплетирање на неговиот хет-трик и сега е на девет погодоци за најдобрата македонска репрезентација.

Сега сите погледи ќе бидат насочени кон вечерашната средба во Букурешт (20.45 часот) каде се среќаваат Романија и Исланд. Ние со денешниот триумф практично ги откажавме Исланѓаните од трката за второто место, но сега сакаме од денеска „услуга“ да не загубат против Романците.

Доколку Исланѓаните не загубат, или на пример одиграат нерешено, тогаш во последното коло ќе влеземе со еден бод за второто место пред Романците.

А уште подобро би било доколку Исланд триумфира во Букурешт, во тој случај и реми би ни одговарало за три дена против Исланѓаните, но и Лихтенштајн не загуби од Романија. Како и да е, чекаме убави вести и од Букурешт и сета верба и надеж најавиме сите на стадион на 14 ноември.

Квалификации за СП 2022

Ерменија – Македонија 0:5
Трајковски 22`, Барди 36`, Барди 66` пенал, 90` пенал, М. Ристовски 79`

Македонија: Димитревски, Костадинов (Атанасов 83`), Д. Велковски, Муслиу, Алиоски, Чурлинов (Ристевски 77`), Барди, Елмас (Миовски 83`), Ашковски (Тодороски 84`), М. Ристовски, Трајковски (Спировски 64`)

Група „Ј“

Ерменија – Македонија 0:5
20.45 часот Германија Лихтенштајн
20.45 часот Романија – Исланд

Табела:

1. Германија 21 бод
2. Македонија 15 бодови
3. Романија 13
4. Ерменија 12
5. Исланд 8
6. Лихтенштајн 1

Видео на денот