Барди со хет-трикот во Ереван ги престигна Ќириќ и Седлоски

Енис Барди среќен поради трите гола во Ереван и горд што ја носеше капитенската лента/Фото: ФФМ

Енис Барди го одигра можеби досега еден од најдобрите натпревари во дресот на македонската А репрезентација, запишувајќи хет-трик во гостинската победа над Ерменија (0:5) во Ереван.

Со своите три голови во вечната листа најдобри стрелци во македонската А репрезентација престигна двајца поранешни македонски репрезентативци.

Играчот на Леванте има сега девет голови и се израмни со екс репрезентативецот Илчо Наумоски, а на осум застанаа Саша Ќириќ и Гоце Седлоски.

Барди може да го подобри својот учинок во следните репрезентативни настапи, пред него по 10 имаат Илија Несторовски и Горан Мазнов, а 11 има Езџан Алиоски.

– За мене сите сме капитени. Сета одговорност на теренот е на сите играчи. Секако мотивира капитенската лента, горд што бев вечерва во ваква улога во која биле претходно големи имиња. Имав можност да играм само со Горан Пандев и од него научив многу.

Сите сме среќни за победата, го знаеме селекторот Милевски, каков карактер има и неговите резултати зборуваат за неговата работа. Останува за нас да се бориме за тоа второ место кое според мене го заслужуваме – рече Барди кој е само петтиот фудбалер во историјата на македонската А репрезентација кој запишал хет-трик.

Милевски: Мотивираа критиките после Германија, играчите покажаа дека имаат голем потенцијал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот