Милевски: Мотивираа критиките после Германија, играчите покажаа дека имаат голем потенцијал

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски/Фото: ФФМ/Игор Паневски

Македонската А репрезентација со резултат 0:5 триумфално се враќа од Ереван во претпоследниот натпревар од квалификациите за СП 2022.

Нашите најдобри фудбалери против Ерменија го одиграа досега можеби најдобриот меч во овие квалификации, предводени од капитенот Барди кој постигна хет-трик.

Сега се надеваме и на убави вести и од Букурешт дека Исланд нема да загуби од Романија.

Селекторот на сениорите Благоја Милевски после мечот во Ереван го изрази задоволството од играта и резултатот на своите играчи. Стефан Ашковски беше замена за Стефан Ристовски на десната бековска позиција.

– Им честитам на моите играчи кои покажаа дека имаат голем потенцијал. Не е готово, имаме уште еден меч дома против Исланд. Што ќе се случи во овие квалификации за нас, ќе видиме во недела. Одиме од натпревар во натпревар, после поразот од Германија никој не веруваше дека ќе се вратиме на ваков начин.

Момците покажаа зошто настапија на Европското првенство, а некои од нив и на две европски првенства.

Овие фудбалери веруваа во своите квалитети, што се однесува до Ашковски кој може да игра на повеќе позиции, играше на негова неприродна позиција, а тоа што го одигра е за сите пофалби, дури и подобро од тоа што се очекуваше.

Мотивираа критиките после поразот од Германија, имавме потешкотии, не само за денешниот меч, туку и на собирите во септември и октомври кога недостасуваше Барди, па Адеми, сега и повеќе се отсутни. Но, сите кои се во комбинација за настап покажаа дека може да се смета на нив во иднина – рече Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот