ФОТО | Гвинет Палтроу со деколте до папок – нејзино најпровокативно издание досега!
Холивудската актерка Гвинет Палтроу се појави во неделата во Лос Анџелес во модерна верзија на класичниот фустан во А-крој. Оскаровката носеше фустан од „Живанши“ со најризично деколте, а потоа доживеала мал пех на сцената на церемонијата.
Препорачано
Палтроу позираше на црвениот тепих на доделувањето на наградите на Здружението за актери, во модел дизајниран од креативната директорка на модната куќа „Живанши“, Сара Бартон. Оваа модна креаторка е позната и по дизајнирањето на венчаниците на Кејт Мидлтон и на Јелена Ѓоковиќ, а откако застана на чело на култниот бренд, таа застапува попровокативна мода, измешана со гламур и елеганција.

Ова може да се види во фустанот што го носеше Гвинет Палтроу. А-кројот е класичен и потсетува на оној што го носеа филмските икони Одри Хепберн и Грејс Кели, но тука завршува асоцијацијата со стариот гламур на Холивуд.
Фустанот има исклучително големо деколте кое оди до папокот и за момент не делува дека Гвинет Палтроу ќе покаже премногу. Горниот дел од фустанот е украсен со чипка и кристали.
Со мешавина од различни стилови, а со стариот Холивуд како главна инспирација, Сара и Гвинет го доловија дрес-кодот на вечерта, кој беше посветен на холивудскиот стил од дваесеттите и триесеттите години од минатиот век, иако поскромни верзии на овој фустан се носеа неколку децении по тој период.
Гвинет Палтроу, која беше презентерка, но дојде на доделувањето како член на екипата на филмот „Marty Supreme“, во кој глуми заедно со Тимоти Шаламе, носеше и тиркизни обетки „Белперон“, стари 96 години.
На црвениот тепих, актерката ги носеше обете обетки, но левата исчезна пред да излезе на сцената со екипата на „Marty Supreme“. Накитот набрзо беше пронајден и вратен на холивудската ѕвезда.
Стајлингот на Гвинет Палтроу му се допадна и на Мајкл Б. Џордан, кој ја прими оваа награда. Тој ѝ рече дека изгледа прекрасно.


