ФОТО | Георгина со емотивна објава му го честита роденденот на Роналдо: Честитки за нашата голема љубов
Кристијано Роналдо пред неколку дена го прослави својот 40-ти роденден. По тој повод, неговата партнерка Георгина Родригез му посвети емотивна објава.
Препорачано
“Честитки за нашата голема љубов, фала му на Бога што ми даде човек како тебе и благодарам на животот што ни го даде она што ни ја носи најголемата среќа – нашето семејство и нашите деца. За нашиот заеднички живот во кој цврсто се гушкаме! Сѐ најдобро на најдобриот”, напиша таа на Инстаграм.
View this post on Instagram
Таа ги објави и нивните заеднички моменти. На првата фотографија Роналдо и Џорџина позираат сами, а на втората со своите деца. Зад нив се гледа бројот 40 и натписот „папа“, или тато.
Георгина го прослави својот роденден на крајот на јануари.
Последните неколку дена беа причина за славење, таа неодамна наполни 31 година.
“На мајката, партнерка, пријателка, на мојата сопруга… Среќен роденден љубов моја. Твојата светлина нè грее, а твојата љубов нè исполнува”, напишал фудбалерот во описот на заедничката фотографија.
Георгина брзо му одговори. „Те сакам многу и сакам кои сме кога сме заедно“.
Двојката се запознала во 2016 година, кога Роналдо дошол во продавницата на Гучи во центарот на Мадрид каде Георгина била вработена.


