ФОТО | Георгина Родригез во бело: Дали Роналдо е спремен да „рипне во тавче“?

Фото: Instagram/Georgina Rodríguez

Избраничката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, објави фотографија на својот инстаграм – профил на која ja покажа својата заносна фигура и совршен летен стајлинг.

Атрактивната убавица ги воодушеви своите следбеници со последната фотографија, на која позира во бел фустан од тантела со длабоко деколте, на нозете носи бели влечки, а косата и e елегантно стилизирана во пунџа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Сликата собра над два милиони лајкови за само еден ден од објавата.

Свршеницата на најпознатиот фудбалер, Кристијано Роналдо, често ги воодушевува своите фановите со прекрасни модни комбинации, но и со провокативни фотографии што ги споделува на социјалните мрежи.

„Кралица“, „Изгледаш неверојатно“, „Убавица“, „Прекрасна“, се само дел од коментарите од бројните фанови на нејзиниот пост.

Веќе долго време се шпекулира дека парот наводно планира да ја озакони својата љубов, на огромна радост на бројните фанови на парот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот