Чистење и припрема на фонтаните - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Чистење и припрема на фонтаните - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ФОТО | Фонтаната на плоштад полека се буди од „зимски сон“

Најголемата фонтана во Скопје, сместена во „срцето“ на градот, среде плоштадот „Македонија“ веројатно наскоро ќе се активира и ќе го разубави изгледот на централното подрачје, откако денеска можеа да се забележат активности за нејзино чистење.

Чистење и припрема на фонтаните - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Чистење и припрема на фонтаните – Фото Слободен печат – Методи Здравев
Чистење и припрема на фонтаните - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Чистење и припрема на фонтаните – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Фонтаната „Воин на коњ“ заедно со фонтаните на плоштадот „Филип Втори“ се затворија на 29 октомври минатата година, а доколку Градот и ЈП „Водовод и канализација“ се водат по досегашната пракса, фонтаните во центарот на Скопје ќе се пуштат до 15 април.

Фонтаната „Воин на коњ“ се затвора до пролет

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот