Фонтана /фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Фонтаната „Воин на коњ“ се затвора до пролет

Фонтаната „Воин на коњ“ заедно со фонтаните на плоштадот „Филип Втори“ заминуваат на шестмесечен одмор, откако од април досега беа во функција.

Денеска се запираше пристапот на вода во фонтаната и се покриваше со церада, за да не се случи во текот на наредниот период, кога температурите ќе се спуштат под нулата, да замрзнат и да пукнат цевките. Вака покриена фонтаната ќе остане до крајот на април или почетокот на мај кога одново ќе биде пуштена во употреба.

Фонтана /фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Подната фонтана пак, со години е во зимски сон, нефункционална и заградена со жардинери за некој случајно да не ја доуништи.

Досега и покрај најавите од ЈП „Водовод и канализација“ не се најде ниту желба ниту пари за да се поправи и повторно да го разубавува Градскиот плоштад во текот на топлите месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот