ФОТО | Енди Мекдауел веќе не користи боја за косата: Не се запуштив, едноставно така ми се допаѓа!

Фото: Профимедиа/Јутјуб

Актерката секогаш го негувала природниот изглед. Таа тврди дека никогаш не подлегнала на пластичните операции, а сега престанала и да користи боја за косата, бидејќи, како што вели, задоволна е од изгледот.

Актерката Енди Мекдауел (62) остана запаметена по гламурозните изданија од црвениот тепих. И денес таа со својот изглед привлекува големо внимание, иако ја помина 60-та година од животот. Во изминатите неколку месеци таа прилично го променила игледот.

Фото: Профимедиа

Таа престанала да посетува фризер откако започна пандемијата на коронавирусот. Енди својот нов имиџ го покажа за време на гостувањето кај актерката и водителка Дру Баримор (45). Сега таа има седа коса, а нејзините обожаватели се согласија дека одлично и одговара.

„Можеби повторно ќе ја обојам косата, но во моментов ми се допаѓа оваа нијанса. Ќерките ми рекоа дека не изгледам најдобро со седата коса. Но, на мене ми се допаѓа и престанав да ја бојам косата. Не мислам дека сум се запуштила воопшто“, раскажа актерката.

Фото: Профимедиа

Актерката секогаш го негувала природниот изглед, а тврди и дека никогаш не правела естетски операции.

„Задоволна сум сама со себе. Мислам дека не ми се потребни никакви операции“, изјави Енди која во моментот глуми во серијата „Mr. Mayor“.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот