ФОТО | Една од најзгодните жени во светот: Роузи Хантингтон-Вајтли ги покажа долгите нозе во црно трико на забава за БАФТА
Бројни славни ѕвезди беа присутни на забавата по доделувањето на наградите БАФТА, организирана од британското издание на „Вог“.
Препорачано
На црвениот тепих особено се истакна манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли, која со провокативен моден изглед ја покажа својата беспрекорна фигура.
Манекенката носеше црн трико со крзно и црни хулахопки, со што не само што ја истакна својата завидна линија, туку и долгите нозе. Комбинацијата ја надополни со црни штикли и минималистички накит.

Хантингтон-Вајтли, која неодамна се врати на модната писта по десетгодишна пауза, избра едноставна, но ефектна шминка и трендовска фризура што моментално е хит меѓу жените.
На забавата беа присутни и Алекс Чанг, Мадлен Брјуер, Синтија Ериво, Ванеса Кирби и многу други.
Да потсетиме, Хантингтон-Вајтливеќе 16 години е во врска со познатиот актер Џејсон Статам, со кого имаат две деца. Двојката се вери во 2016 година, а иако се зедно речиси една деценија, не брзаат со венчавката. Според извори за „Дејли мејл“, нивната љубов и семејна хармонија се инспирација за пријателите, а иако свадбата е нешто што го планираат, за нив не е приоритет.
БАФТА 2025: „Конклава“ и „Бруталистот“ триумфираа на британските филмски награди


