Бритни Спирс - Фото: Инстаграм

ФОТО | Бритни Спирс не сака повеќе да настапува во САД: „Преживеав пекол за да го спасам својот живот“

Поп-иконата Бритни Спирс, која во раните 2000-ти години доминираше на светската музичка сцена, објави дека повеќе нема да настапува во САД. Четириесет и четиригодишната пејачка, која уште од детството беше изложена на големо медиумско внимание, години наназад отворено зборува за притисокот на славата.

Сега, преку својот Инстаграм, таа откри дека донела важна одлука за својата музичка кариера.

Во една од своите објави, Бритни сподели фотографија на која седи пред бело пијано и откри дека планира да го подари на еден од своите синови.

„Го испраќам ова пијано на мојот син оваа година. Забавно е, танцувам на Инстаграм за да ги исцелам работите за кои луѓето немаат поим“, напиша таа. „Да, понекогаш е непријатно … но преживеав пекол за да го спасам својот живот …“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Потоа следеше порака која ја одушеви нејзината публика:

„Никогаш повеќе нема да настапувам во САД по многу чувствителни причини, но се надевам дека наскоро ќе седам на стол со црвена роза во косата, настапувајќи со мојот син … во Обединетото Кралство и Австралија.“

Иако Бритни не појасни на кој син, 20-годишниот Престон или 19-годишниот Џејден, кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн ќе го подари пијаното, од претходните објави  може да се забележи дека станува збор за помладиот Џејден. Во март минатата година, Бритни го нарече „гениј“ откако објави видео на кое Џејден свири пијано.

„Одушевена сум“, напиша таа тогаш. „Не можам да верувам дека е мој! Искрено се плашев дека не е нормално!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот