ФОТО | Братот на принцезата Дијана по третпат се разведе, а веќе има нова девојка: Двојката „уловена“ како разменува нежни допири

Чарлс Спенсер / Фото: Profimedia

Братот на принцезата Дајана, Чарлс Спенсер (60) неодамна објави дека се разведува со сопругата Карен. Инаку, ова е трет развод на Чарлс. Двајцата се во брак од 2011 година и ја имаат 12-годишната ќерка Шарлот Дијана.

Чарлс изјави дека е „многу тажен“ поради разводот, но според последните фотогграфии кои се појавија во јавноста, се чини дека не страда многу.

Имено, папараците го фотографираа Чарлс со водителката Кет Џарман како оди на состанок, во театар во Лондон. Двајцата се смееја и разговараа, но иако немаше бакнеж, папараците успеаја да „уловат“ неколку нежни допири кои си ги размениле во јавност, пишува „Дејли мејл“.

Фото: TOPSTAR-WJ IMAGES / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Засега не е познато дали Чарлс и Кет се официјално во врска или само се дружат, но британските медиуми веќе пишуваат дека „на повидок е четврти брак“.

Инаку, бракот на Чарлс и Карен се распаднал додека тој ги пишувал своите мемоари, во кои открил дека невиноста ја изгубил од проститутка кога имал 12 години. Тој кажа и дека претрпел сексуално и физичко малтретирање на училиште од медицинска сестра.

Фото: TOPSTAR-WJ IMAGES / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

„Она што ми го направи остави длабока и неизбришлива трага, во мене разбуди желби на кои нема место кај толку младо момче. Оваа жена имаше целосна контрола над хипнотизираното момче, бевме гладни за женска топлина и очајно ја баравме нејзината љубов” , напишал тој во мемоарите.

Пет години ги пишувал мемоарите „Многу приватно училиште“ и тоа толку многу го погодило што минатата година побарал помош за неговата траума. Во март, тој им откри на „Пипл“дека Карен му била поддршка во текот на неговото исцелувачко патување додека се сеќавал на трауматични детали од неговото детство.

ФОТО | „Шарлот е нејзина копија“: Братот на принцезата Дијана сподели досега невидена фотографија од нивното детство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот