ФОТО | „Шарлот е нејзина копија“: Братот на принцезата Дијана сподели досега невидена фотографија од нивното детство

Фото: Profimedia

Чарлс Спенсер (59) објави фотографија со неговата сестра, принцезата Дијана, направена во нивното детство. Тој ги врати своите следбеници на Инстаграм во далечната 1968 година, кога принцезата имала само седум години.

„Мојот прв ден на училиште, септември 1968 година. Оваа фотографија, на која сме јас и сестра ми Дијана, ја направи татко ми пред да нѐ однесе во Силфилд, навистина убаво основно училиште во Кингс Лин, Норфолк.

Директорката беше госпоѓицата Џин Лоу, топла и грижлива дама која ги сакаше своите момчиња и девојчиња.

Таму бев до 1972 година, кога отидов во она што јас го нарекував многу приватно училиште во моите мемоари“, напиша тој во описот.

Фото: Инстаграм/Чарлс Спенсер

Под објавата има бројни коментари, а многумина детскиот изглед на Дијана го споредија со моменталниот изглед на принцезата Шарлот, ќерка на принцот Вилијам и принцезата Кетрин.

„Шарлот е автентична копија на баба ѝ“, „Крвта не е вода – малата принцеза изгледа исто како принцезата Дијана“, „Ги гледам принцот Џорџ и принцезата Шарлот на оваа слика. Дефинитивно, тие деца личат на семејството Спенсер“, гласат дел од коментарите.

Патем, Чарлс Спенсер често споделува фотографии од детството со неговата покојна сестра.

Фото: Инстаграм/Чарлс Спенсер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот