ФОТО | „Бијело дугме“ ја разбуди носталгијата кај публиката во Скопје
Најистакнатиот рок бенд од поранешна Југославија „Бијело дугме“, вчеравер одржа концерт во Скопје како дел од турнејата насловена „Доживјети стоту“ („Doživjeti Stotu“) со која прославуваат 50 години постоење. Турнејата зпочна лани во Сараево и ќе се одржи во 50 градови низ регионот и Европа.
Препорачано
Салата „Борис Трајковски“ беше исполнета до последното место, каде настапија Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ-Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ.
Познатиот музичар Огњен Радивојевиќ на клавијатури ги замени починатите членови на бендот, Лаза Ристовски и Влада Правдиќ. На оваа голема турнеја единствено не присуствува Жељко Бебек.

Изведувајќи ги добро познатите хитови во придружба на хор и гудачи, „Бјиело дугме“ успеа да ја разбуди носталгијата кај присутните.
Публиката од сите генерации сплотена од добрата и квалитетна музика ги пееше во еден глас, од „Ѓурѓевдан“ до „Липе цвату“ – песни што ги надживеале децениите.

Концертот од почетокот до крајот беше емотивен, енергичен, носталгичен, а „Бјиело дугме“ докажа дека рокенролот нема рок на траење.





