Фото: Facebook

ФОТО | Бела торта со ангелски крилја: По повод 44. роденден на Тоше, се огласи неговата сестра Дора Проеска

Тоше Проески важеше за еден од најпопуларните и најталентираните пејачи на нашите простори, а животот го загуби на 26-годишна возраст во страшна несреќа на автопатот Брегана – Липовац на 16 октомври 2007 година.

Тоше денеска ќе наполнеше 44 години, а по тој повод се огласи и сестрата на Тоше Проески, Дора Проеска, која покажа дека болката од загубата сè уште не поминува.

Дора сподели фотографија од роденденска торта со ангелски крилја и крст, а во заднина се гледаат фотографиите на Тоше.

Инаку, пејачот Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска, а филмот за неговиот живот наскоро ќе почне да се снима на неколку локации во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот