ФОТО | „Балканот е најдобар“: Марија Груевска се пресели во Германија, но тагува по татковината

Марија Груевска го привлече вниманието на јавноста со своите необични изведби во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, од кои највпечатлив беше кога на сцената се појави со змија околу вратот. Груевска пред пола година се заколна на вечна љубов и го изговори судбоносното „да“ пред својот долгогодишен партнер Синиша Стојаноски.
View this post on Instagram
Иако го привлече вниманието на домашната и балканската јавност со своите настапи Марија реши да ја напушти Македонија и се отсели неколку илјади километри од татковината.
„Се преселив во Германија, но да бидам искрена, не ми се допаѓа таму. Во последно време размислувам да се вратам назад, бидејќи Балканот е најдобар. Таму сум навикната, но и сите ми се таму“ – изјавила пејачката за „Гранд“, иако не сакала да открие дали преселбата во друга земја била од финансиски или некакви други причини?!
View this post on Instagram
Иако пејачката замина далеку од својата верба публика, Марија активно работи на својата музичка кариера.
„Снимам две нови песни кои се надевам дека ќе успеам да ги завршам и да ги објавам до почетокот на летото. Нетрпелива сум публиката да ги слушне, но од друга страна сакам се да подготвам темелно како и секогаш. Во секој случај, ако нешто се промени во меѓувреме, веднаш ќе ве известам“- се пошегувала Марија, откривајќи дали нешто се променило откако е во брак?
Марија и Синиша го славеа крунисувањето на нивната љубов цели три дена. На свадбената прослава присуствувале околу 600 гости, а притоа се испочитувале и дел од традиционалните свадбени обичаи.
View this post on Instagram
Груевска за својот најсреќен ден заблеска во венчаница во која за момент не потсети на дизниевата принцеза – Ариел. Корсетот на венчаницата беше креиран во форма на школки со многу карактеристичен дезен збогатен со бисерни монистри.
View this post on Instagram
Класичниот бидермаер кој вообичаено е креиран од свежо цвеќе пејачката го замени со уникатен бидермаер креиран од кристали, школки и морски ѕвезди.
ВИДЕО: Марија од Битола со досега невиден настап – по змијата, на сцена излезе во лудачка кошула