ФОТО: Аријана Гранде објави фотографии од интимната венчавка

Фото: Профимедиа

Аријана Гранде конечно на својот инстаграм-профил објави фотографии од интимната венчавка која се одржа минатата сабота во нејзиниот прекрасен дом.

Пејачката се омажи со агентот кој се занимава со продажба на недвижнини, Далтон Гомез. Таа на својот официјален профил објави повеќе фотографии од интимната церемонија.

Аријана за венчавката носела величествена венчаница од Вера Ванг, која била скроена по нејзина мерка. Носела и традиционален бел вел, прекриен со модерна сатенска машна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande)


Фотографиите кои особено предизвикаа внимание и ги воодушевија фановите се оние на кои пејачката е во прегратка на сопругот Далтон.

„5.15.2021“, напиша Ариана во описот на фотографиите кои ги објави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande)


Да се потсетиме, свадбата беше мала и интимна, а на неа присуствувале само 20 најблиски лица, што значи само потесното семејство.

Ариана и Далтон врската ја започнаа на почетокот на 2020 година, а Далтон ја запроси во декември истата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande)


Таа го престави своето ново момче Далтон Гомез во спотот кој го направи со Џастин Бибер за нивниот дует „Stuck with U“, кој го снимија за време на карантинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот