ФОТО | Aндрија Милошевиќ и Александра Томиќ „едвај“ чекаат да станат родители: Го открија името на бебето!

Aндрија Милошевиќ и Александра Томиќ/Инстаграм
Aндрија Милошевиќ и Александра Томиќ/Инстаграм

Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ за кратко време ќе станат родители и не кријат дека со нетрпение го очекуваат раѓањето на нивното прво дете.

ФОТО | Вљубени до уши: Андрија Милошевиќ објави романтични фотографии со својата бремена девојка

„Во ниту еден момент не го криевме полот на бебето, само немавме ни желба ни потреба да ја известуваме јавноста за сите детали. Го очекуваме синот, Реља. Името му го даде еден од моите најдобри другари, Стеван, со кого тргнав во прво одделение уште во 1990 година и до ден-денес сме неразделни, па затоа името кое му го даде на нашиот син е уште поубаво“, изјавила Александра.

Актерот пак истакна дека сака да има две деца.

„Сакам да имаме и ќерка и син. Да се радуваме на новиот живот кој доаѓа, тоа е нешто најсвето под ова небо. Имаме чувство за потполна исполнетост. А тоа е она за кое трага секој човек. Имам впечаток исто како кога гледам наутро кога се буди денот, го гледаш сонцето и си мислиш: „Боже, колку убаво“.

Во една прилика за медиумите изјави дека многу сака да стане татко.

„Апсолутно сум подготвен да станам татко и не се плашам од тоа. Сакам да се случи тоа и ќе биде. Животот е непредвидлив, а потоа доаѓате до момент кога си помислувате, време е. Всушност, мора да живеете без калкулација. Тоа е поентата“, изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот