ФОТО | Андреа Коевска се извини уште еднаш: Македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како досега

андреа коевска ново извинување
Андреа Коевска, годинашната македонска претставничка на Евровизија, се извини по вторпат

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска за време на фотографирањето во Торино на земја го фрли државното знаме што предизвика остра реакција на јавноста.

Набргу потоа Македонската Радио Телевизија (МРТ) соопшти дека ја разгледува можноста за повлекување на 22-годишната пејачка од Евровизија, по што Андреа упати јавно извинување.

По видеопораката упатена кон јавноста, младата пејачка денес се огласи и на нејзиниот инстаграм-профил, за да упати уште едно извинување.

Андреа Коевска, Фото: Instagram Story

„Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја. Се извинувам уште еднаш од сè срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и наредните денови“, напиша таа на „Инстаграм“.

Повеќе написи на темата:

ВИДЕО | Андреа Коевска се извини: Немав намера да навредам некого со тоа што го фрлив знамето на земја

Професор Буџакоски за потегот на Андреа: Да не ја напаѓаме или браниме, да ги видиме мотивите!

Професор Калајџиев: Тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме“, повеќето го фрлаат по настанот

ВИДЕО | Скандал на Евровизија: Андреа го фрли македонското знаме на земја, МРТ жестоко ја осуди

ВО ЖИВО | Свечено отворање на Евровизија: Андреа прошета по тиркизниот тепих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот