ВО ЖИВО | Свечено отворање на Евровизија: Андреа прошета по тиркизниот тепих

Фото: Профимедиа

Сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих на свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија.

Уметниците наместо на црвениот прошетаа по тиркизниот тепих, бидејќи организаторите сметале дека тиркизот повеќе му одговара на градот домаќин, Торино.

Фото: Профимедиа

Во текот на тиркизниот настан, натпреварувачите на Евровизија 2022 се сретнаа и ги поздравија насобраните.

Нашата претставничка Андреа Коевска прошета по тиркизниот тепих облечена во веќе препознатливиот стил, црно од глава до пети, овој пат со кожени ракавици, а в раце го држеше македонското знаме.

Водителот ја пречека Андреа, посакувајќи ѝ добредојде на македонски јазик: „Добредојдовте на Евровизија“.

Фото: Профимедиа

Кандидатите за Евровизија 2022 ќе ги видиме во нивните најдобри стајлинзи, а домаќините на настанот Каролина Би Доменико и Габриел Корси разговараа со нив во живо.

Фото: Профимедиа

На свеченото отворање, градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо и претставници на РАИ, ЕБУ, градот Торино, официјално ги пречекаа земјите учеснички на Евровизија 2022 година, делегациите и уметниците во Торино.

 

Изборот за песна на Евровизија 2022 година ќе се одржи на 10, 12 и 14 мај во „Пала Олимпико“ во Торино, Италија. Настанот ќе го ко-организира италијанската национална телевизија РАИ во соработка со ЕБУ.

ФОТО+ВИДЕО | Андреа со одлична изведба и монохроматска модна комбинација во Шпанија

Интервју со Андреа, Ана и Рената: Постои синергија меѓу нас, уживаме додека се подготвуваме за Евровизија

ВИДЕО: 30 ексклузивни секунди од втората проба на Андреа во Торино

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот