ФОТО+ВИДЕО | Андреа со одлична изведба и монохроматска модна комбинација во Шпанија
Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска моментално е на својата промо-турнеја на која ја промовира песната „Circles“ со која ќе настапи на евровизиската сцена во Торино, Италија.
По настапите во Црна Гора, Романија, Велика Британија и Израел, за време на минатиот викенд, 22-годишната пејачка беше гостинка и на евровизиска забава во главниот град во Шпанија, Мадрид.
View this post on Instagram
На настанот, кој се одржа во „Sala La Riviera“, таа се појави во монохроматска модна комбинација – црна кратка маичка и црно пласирано здолниште. Иако комбинацијата ѝ беше едноставна, Андреа ги воодушеви сите со својата енергија.
Покрај нејзиното појавување на црвениот тепих, нашата претставничка ја изведе и својата песна за време на забавата и доби одлични реакции од публиката.
Како потсетување, годинашното издание на најпопуларниот музички фестивал на европскиот континент, Евровизија ќе се одржи во Торино, Италија. Првото полуфинале ќе се случи на 10 мај, второ полуфинале ќе биде на 12 мај, а финалната вечер ќе се одржи на 14 мај.
Нашиот евровизиски тим ќе се претстави за време на второто полуфинале. Покрај Андреа, како придружни вокали ќе настапат и младите вокалистки Ана Петановска и Рената Кралевска.