ВИДЕО: 30 ексклузивни секунди од втората проба на Андреа во Торино

Андреа Коевска
Андреа Коевска / Фото: Фејсбук, Евровизија Македонија

Македонската евровизиска делегација на чело со евровизиската претставничка Андреа Коевска се наоѓа во Торино, Италија. Андреа претставувајќи ја нашата земја на 12 мај ќе застане на големата евровизиска сцена изведувајќи ја песната „Circles“.

По успешната прва проба на евровизиската сцена во Торино, која се случи пред неколку дена, нашата претставничка Андреа по вторпат ја искуси сцената во арената „Пала Олимпико“.

Таа ја имаше својата втора проба, а на официјалниот Јутјуб канал на Евросонг предмалку беше споделено видеото кое содржи 30 ексклузивни секунди од втората проба на Андреа.

Андреа на вистински начин го истакна моќниот вокал, сигурноста на сцената и длабоките емоции, а тоа го потврдија и пофалните зборови кои можат да се прочитаат во коментарите под видеото.

Во коментарите многумина и посакаа среќа, а истото ќе го направиме и ние…

Стискаме палци!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот