ФОТО | Амбер Херд на суд покажа вознемирувачки фотографии од Џони Деп, пијан и дрогиран

Фото: Профимедиа

Амбер Херд вчера по вторпат сведочеше на судењето за клевета поднесено од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. На судот беа прикажани текстови и фотографии коишто актерката ги снимила во текот на нивниот бурен брак.

Една фотографија го прикажува онесвестениот Деп по, како што вели таа, долгорајно консумирање дрога.

Фото: Профимедиа

Американската актерка детално го опишала наводното сексуално и физичко малтретирање што наводно го претрпела од Деп.

Таа се присетила на инцидентот кога Деп ја обвинил дека флертува со жена на Мет Гала.

„Кога пристигнавме дома, ме удри в лице… Се сомневав дека ми го скрши носот… Се сеќавам дека носот ми беше отечен, црвен“, сведочела таа. Херд зборувала и за наводниот втор напад, тврдејќи дека нејзиниот поранешен сопруг ја турнал на подот во приватен авион.

„Скај њуз“ пренесува и дека Деп одбил да потпише предбрачен договор пред свадбата во 2015 година, а на Амбер тогаш ѝ рекол: „Единствениот излез од ова е – смрт“.

„Се чувствував како најсреќната жена на светот кога ме запроси, ми подари прстен со огромен дијамант. Но, почнав да размислувам за предбрачниот договор главно поради фактот што тој заработуваше многу повеќе од мене, верував дека потпишувањето на предбрачен договор барем ќе ги отфрли сите сомнежи, но тој не сакаше ниту да слушне за тоа. Џони го сфати тој предбрачен договор како навреда и ми рече: „Малечка, дали ти веќе планираш да си заминеш?“, рекла Херд во судот во Ферфакс, Вирџинија.

Фото: Профимедиа

Актерката подоцна сведочела и за зависноста од дрога на Деп – таа тврди дека тој ги пиел апчињата што ги добил на рецепт додека го завршувал снимањето на „Црна миса“ (Black Mass) во 2015 година, по што отишол на детоксикација на својот приватен остров.

Но, додека бил на лекување, ја обвинил поранешната сопруга дека во куќата донела друг маж.

– Додека снимаше во Лондон, пиеше и ја запоставуваше работата. Во една прилика неговото осигурување мораше да го носи дома како бебе… Поради него страдаше и мојата кариера – престанав да прифаќам улоги со романтични сцени и снимав само проекти во кои носев минимална шминка – изјавила Амбер.

Пред судот во четвртокот беа објавени и снимки на кои, како што тврди Херд, Деп е пијан и издрогиран.

Фото: Профимедиа

Впрочем, Херд цело време во текот на нивниот брак го снимала својот сопруг, а на прашањето зошто го снимала Деп, таа тврди дека сето тоа време била „нејзиниот збор против зборовите на неговите вработени“ и затоа сфатила дека мора да почне да ги фотографира тие ситуации за да има доказ. Првата фотографија што ја покажа, тврди таа, е направена на остров каде што летувале. Таа тврди дека бил „нормален“ на почетокот на тоа лето, но дека сѐ се променило кога почнал да се дружи со својот пријател Пол Бетани.

Таа пред судот презентирала и фотографија која наводно била направена на 22 март 2013 година откако тој „се обидел да ја запали фотографијата од нејзиното поранешно момче“. Во сведочењето еден ден претходно, Херд откри дека Деп ја обвинил дека го изневерувала со тој поранешен партнер.

Амбер тврди дека тоа се случило откако Деп повеќе денови консумирал дрога.

Да потсетиме, Деп го тужи Херд за 50 милиони долари за клевета во написот на „Вашингтон пост“ од 2018 година, во кој актерката напиша дека била жртва на семејна злоупотреба. Меѓутоа, Деп тврди дека тој всушност бил жртва кој поради нејзините тврдења изгубил милиони долари и му ја уништила репутацијата во Холивуд.

Херд покрена противтужба од 100 милиони долари, тврдејќи дека актерот ја уништил нарекувајќи ја лажливка.

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

Завршните зборови на Џони Деп: Бев жртва на семејно насилство

ВИДЕО | Амбер Херд пред судот тврдела дека ги покривала модриците со шминка: Се огласија од козметичката компанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот