ФОТО: 11 примери дека Швеѓаните се на некое сосема друго ниво од животот

Фото: Reddit

Во оваа земја, полна со богата историја, владее ведрината, убавиот живот и редот буквално за се. Овде се е добро смислено и направено со цел поудобен живот не само за луѓето туку и за животните, но и за самата природа.

Од Пипи Долгиот Чорап до ИКЕА и пошироко, Шведска е позната по многу нешта, како и по популарниот Волво, задолжителната пауза за кафе, шест-часовното работно време и избалансираниот живот за секој граѓанин.

Овие фотографии покажуваат како Швеѓаните го замислуваат удобниот живот кој навистина се разликува од животот на луѓето во другите држави од светот.

За Шведска се вели дека е земјата на задоволството, во секоја сфера од животот.

1. Во метрото се наоѓа посебна плоча на која е напишано името на уметеникот, асистентот и титулата

Фото: Reddit

2. Овој сообраќаен знак ги предупредува возачите во Стокхолм во Шведска дека можат да наидат на пешаци кои „висат“ на мобилните телефони

Фото: Reddit

3. Оваа шведска продавница за мебел има тоалет за деца со мала влезна врата

Фото: Reddit

4. Овој национален парк во Шведска одбил да ги исече дрвјата за да се изгради дрвен мост, па така низ мостот сега поминуваат и нивните стебла, а луѓето можат да пешачат околу нив

Фото: Reddit

5. Оваа мала и интересна продавница за глувци се наоѓа во градот Лунд

Фото: Reddit

6. ЛЕД рачките на вратите од јавните тоалети во Шведска ја менуваат бојата во зависност од тоа дали тоалетот е зафатен или слободен

Фото: Reddit

7. Во шведскиот музеј (кој се наоѓа буквално во пустелија) има клупи за седење кои безжично ќе го наполнат вашиот телефон и ќе ви овозможат бесплатно Wi-Fi.

Фото: Reddit

8. Во Шведска дрвјата можат да ви испратат порака кога им е потребна вода со помош на вградениот сензор за влага.

Фото: Reddit

9. Количките за пазарење имаат вградени метални плочки со цел да спречат количката „да полета“ низ ескалаторот.

Фото: Reddit

10. Местата под мостовите во Стокхолм не се запуштени, туку се урбано уредени средини за секојдневно уживање и активности.

Фото: Reddit

11. Внатрешноста на јавните тоалети во Стокхолм навистина ќе ве изненади, а вие со задоволство ќе сакате да ги посетите повторно.

Фото: Reddit

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот