Формула 1 подготви 10.000 тестови за коронавирус

Ф1 сезоната во 2023 ќе стартува со трката за Големата награда на Бахреин/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Само 3.000 луѓе ќе можат да влезат на трибините и сите ќе треба да имаат негативен тест за коронавирусот, не постар од четири дена.

Според австриските медиуми во првите трки од сезоната во „најбрзиот циркус на светот“ ќе бидат спроведени 10.000 илјади тестови за коронавирус.

Како што е најавено, првите трки во Формула 1 шампионатот ќе се одржат на 5 и 12 јули на патеката во Шпилберг во Австрија. Примероците ќе се земаат двапати на ден, а лабораторијата што ќе ги изврши тестовите ќе работи 24 часа на ден.

Резултатите ќе бидат достапни 16 до 24 часа по тестирањето. Само 3.000 луѓе ќе можат да влезат на трибините и сите ќе треба да имаат негативен тест за коронавирусот, не постар од четири дена.

Организаторите добија дозвола за одржување на трките, откако пред властите беше презентиран предлогот мерки против ширење на вирусот „Ковид-19“.

Распоредот на Формула 1 сè уште не е официјално потврден, а по двете трки во Австрија, исто толку би требало да се организираат и во Велика Британија во втората половина на јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот