Фон дер Лајен: Северна Македонија припаѓа во ЕУ

Фото: Влада на РСМ

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен го поздрави поднесувањето на уставните амандмани од страна на Владата во Парламентот. На социјалната мрежа Икс, Фон дер Лајен изрази надеж дека сите политички партии ќе ги поддржат уставните измени и државата ќе се придвижи напред на европскиот пат.

Северна Македонија припаѓа во ЕУ – напиша претседателката на ЕК.

Во интервју за МИА, премиерот Ковачевски соопшти дека вчера во Атина каде учествува на неформалната вечера посветена на 20-годишнината од Солунската агенда, се сретнал со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен. Во фокус на средбата биле европската перспектива на државата, но и регионални прашања.

За уставните измени коишто веќе се наоѓаат во собраниска процедура, Ковачевски рече дека и двајцата изразиле задоволство што е започнат процесот.

-Процесот започна успешно и се надевам, исто како што и ЕУ се надева, дека во нашето Собрание ќе има визија и ќе има храброст пратениците да донесат една важна одлука која што се однесува на продолжување на европската интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, објасни Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот