Фјури е сосема нормална ѕвезда: Богатството му се проценува на 150 милиони евра, а вози 15 години стар автомобил

Тајсон Фјури повеќе сака да се бори против Ентони Џошуа/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот боксер Тајсон Фјури со стил замина во пензија, изминатиот викенд го нокаутира Дилијан Вајт во шестата рунда и за триумфот заработи 30 милиони евра, а по мечот откри дека парите и славата воопшто не го промениле.

Фјури на медиумите им откри дека вози автомобил стар 15 години – „Фолскваген Пасат“ од 2007 година.

 

 

– Заработив многу пари. Но, сето тоа за мене не е толку важно – открива Фјури.

Богатството на Фјури се проценува меѓу 120 и 150 милиони евра, но фотографиите докажуваат дека тоа не се чувствува на неговиот возен парк бидејќи тој се уште се вози во 15 години стар автомобил.

– Јас возам Пасат од 2007 година. Не ми е гриѓа за материлните работи. Познавам многу богати луѓе што имаат многу пари, но никој од нив не е среќен. Со парите не може да се купи среќа – вели британскиот боксер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот